ВМРО-ДПМНЕ: Заев ќе го задолжи секој граѓанин во Македонија со нови 22.000 денари

Владата најавува ново задолжување преку еврообврзница од 700 милиони евра. Овие пари власта ќе ги позајми пред изборите, со што се спрема за нов поткуп, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

Опозиционерите сметаат дека Заев со ова задолжување ќе го задолжи секој граѓанин со нови 22.000 денари.

-Со ова вкупниот долг ќе достигне 7 милијарди евра, од кои речиси 3 милијарди евра се задолжени во последните 4 години. Владата вели дека кризата поминала, а од друга страна, се задолжува без усул. Доколку економијата е стабилна и кризата е помината, тогаш зошто ќе зема нови 700 милиони евра ако не само за поткуп пред избори, прашува ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму велат дека Зоран Заев треба да ѝ објасни на македонската јавност каде потрошил две милијарди евра за кои се задолжи во изминатата година, како и каде ќе ги потроши овие 700 милиони евра.

-Заев мора да знае дека по промената на власта, ќе има детаљна истрага каде, како и за што биле трошени парите на граѓаните, кои треба да се враќаат во следните 10, 15 или 20 години. Одговорност ќе има, потенцираат опозиционерите.

Претходна вестРусија ќе ѝ достави на Хрватска еден милион дози вакцина
Следна вест73-годишен велосипедист тешко повреден во Гази Баба