Внимателно, расфрлан е отров по парковите низ Аеродром

Несовесни лица расфрлале отров во парковите из општината Аеродром. Од општината ја поврдуваат веста дека вчера добиле информации дека на јавните површини во Аеродром има расфрлено отров, со што се загрозува животот и на животните и на луѓето.
Брзо реагирале инспекциските служби на Општина Аеродром, а повеќе сезонски работници биле упатени да го пребаруваат секој сомнителен реон со цел да биде ајден и отстранет отровот.
Од општина Аеродром упатуваат апел до граѓаните да бидат внимателни, и да не допираат ништо што е сомнително и да пријават ако забележат супстанција која им е сомнителна.