Просториите на Владата во понеделникот беа полни со детска смеа и џагор. Претпразнично најмладите донесоа радост таму каде обично се донесуваат одлуки. Убаво беше да се види таква слика.
Убаво е со таква радост, што е можно повеќе, да е исполнета цела Македонија. Децата се богатство, задоволство, иднина, а и сочувување на коренот.
Но, за жал, демографската слика во земјата не е добра, има се помалку бебиња. Во 1950 година во Македонија имало над 50.000 новороденчиња, а лани беа само околу 16.000. Ако продолжи овој тренд за 30-тина години Македонија ќе има под еден милион жители.
За демографијата зборуваше и премиерот Христијан Мицкоски:
– Залудно градиме училишта, градинки и автопатишта, ако нема кој да ги користи, нагласи премиерот, повикувајќи ги младите да се охрабрат да останат и да создаваат семејства во Македонија.
Се надеваме дека покрај ваквите укажувања премиерот и Владата ќе нудат и повеќе мерки за ублажување на демографскиот пад. Сепак, најмногу околу тоа можат и треба да се ангажира и самото население, особено младите.
На оваа тема повеќе треба да се мисли и делува во 2026 година. Без деца и младина нема добра иднина.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:



