Темно Режим Светло Режим

Во Белград утрово загина цело семејство во сообраќајна несреќа

Во тешка сообраќајна несреќа која се случи утрово во населбата „West 65“ на Нов Белград, три лица загинаа на лице место.
Како што објасни очевидец на стравичната несреќа, возач на „Ауди“ поминал низ црвено светло и директно удрил во автомобилот во кој се наоѓало семејство. Сите тројца патници во удрениот автомобил, од здобиените повреди, починало на самото место.
„Сум Видел многу лоши работи, но ова е нешто најстрашно досега“, изјавил потресен очевидец.
Полицијата и обвинителот сè уште се на терен, увидот е во тек, а сообраќајот во овој дел од градот е целосно запрен.
Несреќата се случила околу еден час по полноќ, на аголот меѓу улиците „Омладинских бригада“ и „Николе Добревиќа“ на Нов Белград.

Претходниот Пост

Ливерпул заборави да победува - четврти пораз во серија во Премиер лигата

Следниот Пост

Што ќе биде пресудно за победа во Центар и Карпош?