Во Бутел изгореа пет автомобили

Пожат кој зафатил вкупно пет автомобили избувнал ноќеска на подрачјето на општина Бутел, соопшти полицијата.

МВР информриа дека вчера во 03.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар на пет патнички возила.

-Четири паркирани на ул.„Гоце Стојчевски” и едно паркирано на ул.„Лазо Москов”, и тоа „фолксваген голф”, „рено меган”, „рено твинго”, „ауди”, сите со скопски регистарски ознаки и патничко возило „мерцедес” со англиска национална ознака, се наведува во информацијата.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема.

Претходна вест186.000 ученици во Македонија ќе добиваат домашни јаболка за ужина
Следна вестОпштина Центар ќе формира јавно претпријатие за производство на струја