Во четврток ќе се донесе одлука дали ќе има ограничувања во движењето за Задушница и викендот 

Врз основа на анализите од деновите до четврток ќе донесеме закличок дали и какви ограничувања во движењето ќе има за претстојниот верски празник во петок и за време на викендот, најави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Тој додаде дека ситуацијата се држи под контрола и дека ги знаат семејствата каде има најголем број од заболените.

-Немаме податок дека може да се случи нешто непознато во смисол на појавата на нов кластер на заболени. Во петок имаме празник на кој може да се случи граѓаните да не ги почитуваат мерките за заштита. Ние ќе ги анализираме регионите, па ќе зборуваме со МВР како би се организирало органичувањето, бидејќи е покомплицирано тоа да се прави во една урбана средина отколку во Дебар и во Куманово. Има можност тоа да се одбегне, но тоа ќе се реши во четврток, потенцира министерот.

Тој претходно кажа дека има позитивни на Ковид-19 во објекти за стари лица во Ченто и Кадино. Во едниот има 2 штитенички, а во другиот заболени се тројца вработени.

-Во Тетово има 9 решенија за позитивни на ковид-19, 54 лица се во изолација. Таму има еден нов кластер во една фирма во Тетово и се контактира со сите вработени, рече министерот.

Сега на терен интензивно се работело и во Липково каде од 12 позитивни од кумановско 11 се од оваа општина. И во Чаир и Студеничани има огромен број на заболени кои се поврзани со 10 семејства.

Инаку денеска има 67 новозаразени од 868 тестирања. Во имзминатите 24 шаса има и еден починат пациент.