Во четврток ќе бидат погребани загинатите од пожарот во Кочани

123

Термините на погребите на загинатите од пожарот во Кочани по градовите ќе бидат определени од Синодот на МПЦ- ОА, но извесно е дека сите ќе бидат погребани во четврток, 20 март. Ова го потврди Стојанче Ангелов, директор на Центарот за управување со кризи (ЦУК), по средбата со Митрополитот Брегалнички, владиката Иларион.

-Црквата прави се’ овие чеда достоинствено да се испратат. Точниот час ќе го определи Синодот, затоа што Владиката Иларион сака да приставува на погребите, тоа се негови чеда Божји, рече Ангелов.

Погребите ќе се одржат во координација со семејствата, владата и Синодот. Починатите се во најголем број од Кочани, но има и од Чешиново – Облешево, од Штип, Скопје и Пробиштип.

Телата на 59 починати од пожарот во кочанската дискотека се на обдукција на Институтот за судска медицина во Скопје.

Претходна вестТошковски разреши 7 началници и командири во Штип и Кочани
Следна вестПреживеан од пожарот во Кочани: Денес изгоре дискотека, а ако се продолжи вака утре можат да горат и градинки и школи