Темно Режим Светло Режим

Во Данска уапсени седум лица поради планирање терористички напади

Седум лица се уапсени во Данска под обвинение дека се обиделе да направат експлозивни направи и планирале терористички напади, соопшти тамошната полицијата.

Данска ја спроведе акцијата заедно со колегите од Германија. Во апсењата се пронајдени состојки за правење експлозивни направи и оружје, објави „Ројтерс“.

-Веруваме дека поединци имаа намера и капацитет да извршат терористички напади во Данска, се вели во соопштението на данската полиција.

Уште шест лица беа уапсени во Данска и едно во Германија, по повод можна поврзаност со овој случај, се додава во соопштението.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Отворете „четири“ очи: Годишно во Македонија гинат околу 35 пешаци  

Следниот Пост

„Левица“: Дијабетичари ставени во проблеми поради неспособностa на министерството за здравство