Во Дебрца успешна акција за спасување млад штрк кој се заплеткал во своето гнездо

Успешна акција за соасување на млад штрк била изведена во општина Дебрца. Претходно, штркот се заплеткал во своето гнездо.

Градоначалникот на Дебрца, Зоран Ногачески на својот Фејсбук посочи дека денеска извеле акција за спасување на млад штрк.

-Денес со помош на нашата електромонтерска екипа, со специјалната дигалка и Јане Иваноски изведовме акција за спасување на млад штрк, кој беше заплеткан во своето гнездо, на училиштето во село Волино. По симнувањето на штркот и извршената имобилизација на ногата повикана е ветеринарна екипа од Зоолошката градина во Битола. Младиот штрк е преземен и ќе продолжи неговото лекување и очекувањата се за десетина дена да биде вратен во Волино, вели тој.

Претходна вестСашко Кедев го освои и Broad Peak, дванаесетиот највисок врв на светот висок 8.051 метар
Следна вестПретседателот на МАНУ Љупчо Коцарев на Илинден ќе говори во потпелистерско Трново