Во директен судир кај МАНУ повредени четири лица

Четири лица е повредени и префрлени во болницата по тешката сообраќајна несреќа што се случи рано изутрина на булеварот „Крсте Мисирков“ во непосредната близина на Македонската академија на науките и уметностите. Две лица се пренесени во Ургентниот центар, додека две во „Св. Наум Охридски“.
Несреќата се случила на крстосницата кога директно се судриле две возила: „ауди“ и „пасат“, кои се многу оштетени од силниот удар. Не се познати причините заради кои дошло до судирот на двете возила, заради кој имаше и застој во сообраќајот.