Во функција се ставаат електронски алки за издржување куќен затвор

57

Мал ден за човекот, но голем за затворскиот и правосудниот систем во Македонија, рече директорот на управата за извршување санкции Александар Пандов, на презентацијата на електронските алки во тренинг центарот во Идризово.

Целта на нивното воведување е намалување на пренатрупаноста на затворите,. Пандов појасни кои осуденици ќе можат да продолжат со издржување на казната од дома

Според министерот Филков овој процес е резултат на сериозна работа и посветеност на министерството за правда и управата за извршување санкции и поддршката од партнерите, што е чекор напред во реализацијата на европските стандарди за издржување на казните и унапредување на човековите права.

Директорот на управата за извршување на санкции посочи дека во моментот во македонските затвори има 2300 затвореници и околу 400 притвореници, но само 60 од нив ќе можат да бидат корисници на електронските алки и новиот модел на издржување казни.

Пандов на новинарско прашање за неодамнешното опожарување на неговата викендица рече дека има осомничени, но дека сторителите сеуште не се пронајдени.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестУставен суд: Седницата за законот за јазиците одложена
Следна вестНа аџилак и годинава ќе заминат 2020 муслимански верници од нашата земја, највозрасниот 80, најмладиот 10-годишен