Во Гази Баба расте бројот на активни случаи на Ковид-19, во Чаир се намалува

Гази Баба, Бутел и Шуто Оризари се е единствените скопски општини во кои од почетокот на месецов, заклучно со денеска е забележано зголемување на бројот на активно болни. До денеска, според податоците на Министерството за здравство, во Гази Баба има 201 активно заболени лица. Тоа е за 16 повеќе отколку што изнесувала бројот на крајот од минатиот месец – 185. Во Бутел, пак, сега има 170 заболени наспроти 155 на почетокот на месецов. Во Шуто Оризари во изминативе пет дена бројката се зголемила од 87 на 95.

Охрабрувачки е тоа што во овој период е значително намален бројот на активно заразени во општина Чаир. Денеска тој број изнесуваше 402, а што е за дури 52 случаја помалку отколку пред пет дена кога беше 454 и кога се движеше кон бројката од 500. Намалувањето на бројот на активно болни е забележано и во Сарај за 13 лица, од 163 на 150 заболени, во Аеродром има за 11 помалку: од 166 на 155. Од почетокот на месецов во Кисела Вода бројот на заболените опаднал од 119 на 110, во Карпош од 170 на 166, а Центар има три пациенти помалку, од 152 на 149. Во западната општина Ѓорче Петров има помалку три пациенти – од 118 на 155.

Арачиново сега има 51 активно болен, Илинден – 35, Петровец – 17, Чучер Сандево – 18, Сопиште – 9, Зелениково-8 и двајца странци.

На подрачјето на целиот град сега има 1.960 активно болни.

Претходна вестПочинал во својот стан во Скопје откако го каснал стршлен
Следна вестСама дома, во скопско село, родила мртво бебе