СВР Тетово информира дека вчера (20.05.2025) во 17.10 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода 34 годишниот Е.М. од Прилеп поради сомнение дека околу 16.30 часот на улица „Иво Лола Рибар“ во Тетово одзел патничко возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на 26 годишниот А.К. од Брвеница, тетовско.
Тој е задржан во полициска станица, а возилото е вратено на сопственикот. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, извести полицијата.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:



