Во Грција може и со тест за присуство на антитела

За влез во Грција, тамошните власти признаваат и тест за антитела. Услов е документот да биде на англиски, германски, француски или италијански јазик.

За разлика од минатата недела, кога како услов за влез во Грција беа наведени негативен ПЦР тест, или примени две дози вакцини, но само ако од втората доза се поминати 14 дена, од оваа недела се признава и присуство на антитела.

Најголемиот дел од патниците кои изминатите два дена одат кон Грција преку грничниот премин Богородица- Евзони се македонски и српски државјани. За разлика од српските државјани кои имаат документ  за примени две дози вакцини, поголемиот дел од македонските граѓани границата ја минуваат со негативен ПЦР тест, и дел со комплетна вакцинација.

Граничниот премин Евзони кој беше затворен цели 14 месеци грчките власти го отворија минатата недела. Од тогаш па до денес преку овој премин во Грција влегле околу 13.500 патници, што е далеку од периодот пред пандемијата со корона вирусот кога вакви бројки се регистрираа само за еден ден.

Претходна вестСкопје се претвори во град на нереален елитизам каде преовладува интересот
Следна вестВо еден ден во Скопје казнети 163 возачи, најмногу за брзо возење