Во изминативе три дена 151 случај на Ковид-19, нема починати

Во последните три дена (од 20.05 до 22.05.2022) направени се 2.780 тестови, а регистрирани се 151 нови случаи на Ковид-19, соопшти денеска Министерството за здравство.

Од вкупниот број на позитивни, 17 се реинфекции.

-Во текот на изминатите три дена и согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, нема пријавени починати лица, се наведува во инфорамацијата.  Вкупната бројка на дијагностицирани лица во Северна Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 311.350, бројот на оздравени пациенти е 301.545, на починатие 9.297. Во моментов бројот на активни случаи изнесува 508.

Претходна вестСПЦ го заврши Соборот, во соопштението не се спомнува предлог за автокефалност на МПЦ-ОА
Следна вестТројца повредени во сообраќајка кај превојот Буково