Во јули почнува да се снима нов филм на Милчо Манчевски

Критика на лицемерието и малограѓанштината – ова е мисијата на најновото филмско дело кое ќе почне да се снима на почетокот на јули под режисерската палка на Милчо Манчевски. Се вика „Кајмак“ а според Манчевски симболиката со убавата храна го наметнува прашањето што всушност значи убавото.

-Не знам сам се наметна насловот. Во една рака е буквален, зошто често во филмот гледаме кајмак, зошто Виолетка продава кајмак на пазар, а Карамба секојден го купува од неа и затоа жена му го кара. И се разбира сите симболики кои призлегуваат од кајмак како кремот како најубавото и како прашање што е уствари најубаво, вели Милчо Манчевски.

Содржината е црна комедија за две семејства кои се пристојни на почетокот, а среќни на крајот на филмот. Дел од актерската екипа се Сара Климоска, Ана Стојановска, Александар Микиќ, Дејан Лилиќ и Сашка Димитировска. Македонија учесвува со 48 проценти од финансиските средства во филмот, а 52 доаѓаат од странство.

Претходна вестГраѓаните против властите – протест против „бетонскиот град“ кај Расадник
Следна вестОд 25-ти јуни можеме во Германија, но само вакцинирани