Во кафеана во Бутел тепачка и пукање, нема повредени

Без повредени поминала пресметка во која биле испукани и повеќе куршуми меѓу две групи лица синоќа во една кафеана во скопската општина Бутел.

-На 20.02.2021 во 13.00 часот во СВР Скопје, пријавено е дека во локал на ул. „БиХ“ дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу две групи на гости во локалот по што од огнено оружје биле испукани неколку куршуми. Извршен е увид на местото на настанот при што пронајдени и подигнати се две чаури и еден фрагмет од проектил, соопшти полицијата.

Претходна вестДиректорот на охридската болница објаснува: Секретарот Наумоски се вакцинираше бидејќи влегува во ковид-одделот
Следна вестВардар и Елверум ремизираа во Лигата на шампионите