Секторот за внатрешни работи – Скопје поднесе кривична пријава против И.Р. (30) од Прилеп, припадник на Армија на Република Северна Македонија, поради сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“, соопшти Министерство за внатрешни работи на Северна Македонија.
Според информациите, на 12 февруари во касарна во Петровец била извршена контрола на ранецот на пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана. Надлежните институции продолжуваат со постапката за целосно расчистување на случајот.


