Во Кавадaрци, физичка пресметка завршила со убиство

Синоќа во Кавадарци е убиен 59 годишен маж во физичка пресметка. Тој им подлегнал на повредите што ги добил од остар предмет, при  пресметката со повеќе лица.

Според полицискиот извештај, изутринава, на 16 ноември, околу 04:30 часот во Кавадарци, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци го лишиле од слобода Х.С. од Кавадарци. Тој се сомничи дека сношти, околу 23.30 часот, при физичка пресметка помеѓу повеќе лица на  улицата “Методија Џунов” во Брушанско Маало во Кавадарци, при што биле употребени остри и тврди предмети, со остар предмет му нанел убодна рана на З.П.(59) од Кавадарци, кој подоцна починал во болницата во Кавадарци.

Во врска со настанот во Полициската станица Кавадарци досега бил извршен разговор со С.А.(37),  А.А.(63), А.М.(42) и Џ.Х.(19), сите од Кавадарци. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.