Во Кичево падна лото – седумка тешка цели 535.000 евра

Лото-премија од цели 535.000 евра ќе му припадне на сопственикот на ливчето уплатено во Кичево. Државна лотарија известува дека во 95. коло од играта на среќа ЛОТО 7, постигната е лото-премија во вредност од 32.921.304 денари. Извлекувањето се реализираше вчера.

Според податоците од системот, дознаваме дека уплатата е извршена на продажното место „Детелинка“, во Кичево. Уплатени се 5 лото-комбинации, а добитна е 5-тата комбинација со броевите: 2, 10, 11, 12, 24, 36, и 37.

-Ова е 27-ма лото-премија од почеток на приредување на игрите на среќа на Државна Лотарија (од 2010 година). За 7-ка досега се славеше во: Свети Николе, Неготино, Тетово, Струмица, Кавадарци, Кичево, Куманово, Битола и Скопје. Рекордната премија во вредностнад 41 000 000 денари е постигната на 26 октомври 2021 во Визбегово, Скопје. Најновата 7-ка е втора во Кичево и повеќе од двојно поголема од првата. Првата, во 2019 г., на Зоран Митаноски и неговото семејство им донесе премија од 11 966 712 денари, се наведува во соопштението на Државната лотарија.

Претходна вестФранција, Аргентина, Полска и Австралија осумфиналисти на СП во Катар, денеска уште четири нови
Следна вестСо 200 приватни автобуси утре ќе се блокираат „Илинденска“ и Градот Скопје