Во Кичево пријава против 17-годишник кој отстранил македонското и албанското знаме од столб на улица

На 28.11.2024 година во 14,20 часот, на булеварот „Ослободување“ во Кичево, 17 годишно момче од Кичево, го нарушил јавниот ред и мир со неовластено отстранување на државно знаме.

Тој, од столб за улично осветлување, со рака го отстранил македонското државно знаме, а потоа и едно албанско знаме.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претходна вестМаж загина во сообраќајка во валандовско
Следна вестМалолетник од Аеродром со остар предмет се заканувал на соученици