Во куќа во Кавадарци пронајденo оружје

На 02.12.2022 во 11.00 часот во Кавадарци, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци го лишиле од слобода О.Т.(73) од Кавадарци.

При претрес во неговиот дом помошните простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол „Црвена застава“ со футрола и две рамки со вкупно девет куршуми калибар 7,65 мм, пиштол „Gesichept“ со една рамка, пиштол и 61 куршум со различен калибар.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претходна вестУапсен дилер од Скопје
Следна вестСАД го претставија новиот стелт бомбардер Б-21