Темно Режим Светло Режим

Во кумановскиот суд 52 години нема континуирано архивирање на предмети

Во Основниот суд – Куманово, чиишто подрумски простории со архива вчера беа опожарени, цели 52 години не се водело континуирано архивирање на предметите. На ова укажувала Комисијата за надзор над функционалноста на АКМИС-системот во судовите при Министерството за правда (МП). При последниот надзор врз работата на Основниот суд Куманово го извршила на 6 јуни годинава при што го задолжила Основниот суд Куманово да започне со континуирано архивирање на предмети и итно расчистување на архивскиот простор.

Како што денеска соопштија од МП било констатирано дека судската архива е сместена во подрумските простории.

-Архивирањето на предметите било завршено заклучно со 1971 година и нема континуирано архивирање на предмети. Овој проблем се провлекува со децении и е констатиран уште со првиот надзор кога судот бил задолжен да започне со архивирање. Претседателот на судот се задолжува да постигне договор со архивот и да се продолжи со натамошно архивирање, се наведува во соопштението.

За време на надзорот од страна на ВД претседателот на судот, се додава во соопштението од МП, била истакната забелешка дека овој процес ќе биде тежок за реализација затоа што судот располагал само со двајца службеници во архивата.

-Комисијата смета дека внатрешната организација е работа на судот, а архивирањето на предметите е обврска која мора да се почитува, стои во денешното соопштение од Министерство за правда.

Претходниот Пост

Девојче од 6 години се спаси од киднапер: „Го каснав и ме пушти“

Следниот Пост
Пак запалено возило во Скопје, во Чаир изгорело Ауди

Прегазена жена во Скопје