Во камион-ладилник кај Миравци пронајдени над 110 мигранти

Откриено криумчарење на мигранти. Имено, синоќа на автопатот Гевгелија – Демир Капија, кај клучката Миравци, при преглед во товарното возило „Сканија“  -ладилник со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 113 лица мигранти (110 од Бангладеш, 1 од Индија и 2 од Мјанмар).

Полициските службеници го привеле И.П.(30) од Косово кој го управувал возилото.

Извршен е увид на местото на настанот.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.