Во Македонија нема потврден случај со мајмунски сипаници, има сомнителен кој ќе се тестира

Во Македонија засега нема потврден случај на мајмунски сипаници. На Клиниката за инфективни болести нема хоспитализиран пациент суспектен за мајмунски сипаници, информираат од Министерство за здравство.

Како што се соопштува, на оваа клиника е примен пациент од кичевската болница кој е суспектен и е во добра здравствена состојба и со уредни лабораториски резултати, кај кого е дадена препорака за тестирање за мајмунски сипаници.

– Во моментов се организира епидемиолошки тим кој ќе спроведе епидемиолошка анкета. До овој момент не е доставен материјал за тестирање во Институтот за јавно здравје и во државата нема потврден случај на мајмунски сипаници, посочуваат оттаму.

Претходна вестДаночна реформа: Ќе има ли казни за граѓаните кои немаат штедни влогови?
Следна вестПочина македонската фудбалска легенда Кирил Дојчиновски