Во Маврово почина малолетник откако врз него паднал бојлер

92

Малолетник смртно настрада во незгодата што се случила во куќата во Маврови Анови, соопшти полицијата.

МВР информира дека случајот го пријавила мајката.

-На 27.06.2024 во 18.00 часот во Полициско одделение Маврово Д.Ѓ. (55) пријавила дека нејзиниот малолетен син се здобил со повреди  и починал откако врз него паднал бојлер во куќата во нас. Маврови Анови. За настанот бил известен јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар, стои во соопштението.

Претходна вестГолем одрон го блокира патот Прилеп-Кавадарци
Следна вестУжас во Тетово: Жена пријавила дека нејзиниот поранешен сопруг ја силувал нивната малолетна ќерка