Во МНТ се подготвува комедијата Тик Так

Актерите и целиот театарски тим на Македонскиот народен театар работи со полна пареа во последните денови од подготовката на современата комедија #ТикTак, поставена по мотивите на филмското остварување „TOC TOC (Trastorno Obsesivo Compulsivo во превод од шпански јазик означува Опсесивно-компулсивно нарушување)“ на францускиот писател Лорен Бафи и шпанскиот режисер Висенте Виљануева. За три дена е најавена премиерата во МНТ, во режија на Синиша Евтимов.
Во претставата играат Јордан Симонов, Александар Микиќ, Николина Кујача, Оливер Митковски, Сашка Димитровска, Тања Кочовска и Александар Михајловски.
16 мај е денот, сите заинтересирани треба побрзаат во набавката на билети, а поради експлицитните реплики кои се употребени во текстот, од МНТ најавуваат дека е наменета за возрасна категорија +18.