Во мотел во Скопје починал 38-годишен маж

194

Полицијата извести дека вчера во 21.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во мотел на подрачјето на општина Чаир во Скопје бил пронајден починат Б.А.(38) од Скопје.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Претходна вестСкопјанец си ја истепал сопругата, а потоа со неговиот брат и се заканувале
Следна вестПадна силната Франција, Македонија е деветта на Европското првенство