Во ноември поскапе се – најмногу лебот, најмалку жестоките пијалоци

Трошоците на живот во ноември се зголемени за 0,7 проценти, а цените на мало бележат скок од 0,3 отсто во однос на октомври, објави денеска Државниот завод за статистика.

Пораст на трошоците на живот се забележани кај лебот и житата за 3,8 проценти, сирењето и урдата за 2,3 отсто, месото за 2,1, маслото за 1,9, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 1,8 проценти, виното за 1,3, рибата, морските плодови и пивото за 1,2 отсто, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 0,7 проценти и жестоките пијалаци за 0,3 проценти.

Намалување е забележано кај свежото и разладеното овошје за седум проценти, свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 0,8 отсто и млекото за 0,3 проценти.

Во споредба со ноември лани, трошоците на живот се зголемени за 4,8 проценти, а цените на мало за 6,2 проценти.

Претходна вестПрегазен пешак во Скопје
Следна вестНеделна ковид-статистика: Помал број заразени, но и помал број тестирани – зголемен број хоспитализирани