Во Охридското eзеро пронајдени и одземени 17 рибарски мрежи со околу 680 парчиња рибен улов

Одземени рибарски мрежи и улов е резултат на вчерашата полициска акција на Охридско езеро, соопшти МВР.

-На 29.07.2022 во периодот од 01.00 до 15.00 часот од страна на полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско eзеро“ преземени се зајакнати мерки и активности во водите на Охридското eзеро, од сливот на реката Сатеска до с.Радожда, струшко, при што биле пронајдени и одземени 17 рибарски мрежи, со вкупна должина од 3.400м и улов од 667 парчиња охридска белвица со вкупна тежина од 66 кг и 12 парчиња охридска пастрмка, се наведува во полициското соопштение.

Притоа, констатиран е и прекршок по чл.23 и 25 од Законот за внатрешна пловидба, односно управување на скутер за време на забрана, и по чл.68 – за непоседување на пловидбена дозвола и уверение за управување на пловен објект за време на контролата и против сторителот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Претходна вестТатко и син натепале шанкер оти одбил да им даде чинии за да ги кршат
Следна вестМицкоски подготвен на средба со власта за референдумското прашање