Во овие чудни месеци сум за лајт варијанта на гледање телевизија, со музика, филм, спорт

 Поранешно препознатливо лица на утринската програма на телевизијата Сител новинарката Анита Даева препорачува во овие чудни месеци изборот на гледачите да бидат лајт варијанти. но и содржини со кои ќе се збогатуваат знаењата.

Што им препорачувате на скопјани да гледаат на телевизиските програми?

Како новинар и човек од телевизијата не можам да го поминам денот без да вклучам ТВ. Се е работа на вкус во изборот на она што ќе Ви го задржи вниманието пред ТВ екраните. Во овие чудни месеци секогаш сум за лајт варијанта музика, филм, спорт. Секако и интересна документарна програма од која може да го збогатиме знаењето . Со многу факти, податоци добра фотографија, односно кадри. За да го поминеме овој период дишејќи полесно…

Што сметате дека граѓаните би требало да го избегнуваат и да го сменат каналот?

Ме уморуваат дискусии за актуелни теми во кои секој зборува се и сешто. Да, секогаш сум за гласот на народот, но тоа да се конструктивни муабети. Се е до природата на гледачот и трагањето по содржини во кои ќе се пронајде секој еден.

Што би направиле како емисија за да биде задоволителна и вредна за гледачите?

Емисија која опушта, која не оптоварува, во која ќе има убава музика, духовити содржини, а сето тоа збогатено со едукативни моменти. Едно убаво спакувано парче кое ќе не релаксира од чудното секојдневие кое ни е непознато.

Квизови во кои се проверува знаење, не среќа.

Дали Скопје е доволно застапено како тема на македонските телевизии, дали главниот град е доволно откриен?

-Секогаш може повеќе и секогаш има нешто да се пронајде истражи раскаже. Скопје е неисцрпна тема. Во секоја улица, делче, маало, од Скопје има многу приказни. Треба само да сакате и ќе ги пронајдете. Урбаното Скопје, Скопје во минатото, со целиот знаен и не знаен живот, ликови, настани. Скопје на многу генерации. Скопје од воздух и земја. На еден новинар да работи до пензионирање на овас тема малку ќе му биде да го наслика Скопје со збор..