Во полиција задржан тинејџерот од Косово кој прегази пешаци на улица во Скопје, МВР поднесе кривична пријава

117

Полицијата поднесе кривична пријава против малолетникот што синоќа околу 22 часот удри пешаци во Скопје на улицата Дринска.

Седумнаесетгодишникот од Косово управувајќи „ауди“ удрил во пешаците С.И.(18) и 17-годишна малолетничка, двајцата од Скопје.

Во несреќата со тешки повреди се здобилo 18-годишното момче, додека девојчето е полесно повредено.

Возачот е задржан во полициска станица и против него е поднесена кривична пријава по брза постапка.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестМитева: Државниот јавен обвинител работел нетранспарентно, штител определени лични интереси
Следна вестАлкалоид доминантен на гостувањето во Италија