Темен режим Режим на светлина

Во Полска пристигнуваат странски војници во земјата во рамки на НАТО операција

Полскиот претседател Карол Навроцки денеска потпиша декрет со кој се дозволува присуство на странски воени лица во земјата во рамки на операцијата за заштита на воздушниот простор на НАТО на источното крило на Алијансата.

– Претседателот на Република Полска, Карол Навроцки, потпиша резолуција со која дава согласност за присуството на странски трупи од земјите членки на НАТО на територијата на Република Полска како засилување за Полска во рамки на операцијата ’Источна стража“, соопшти полското Биро за национална безбедност на X.

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте во петокот го објави почетокот на операцијата „Источна стража“ за заштита на воздушниот простор на источното крило на Алијансата, по активирањето на Член 4 поради навлегувањето на руски дронови во полскиот воздушен простор.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Насилник во Кисела Вода, пукал со пиштол во домот и ги малтретирал сопругата и трите ќерки

Два дена притвор за четири лица во врска со пожарот во Трубарево

Следна објава
ОЈО ГОКК: Притвор за тројца осомничени за злосторничко здружување и оружје

Претепале човек кој подоцна починал во болница, Обвинителството бара притвор