Во пукотниците во Белград ранет македонски државјанин

Македонски државјанин еден од ранетите во пукотниците што се случиле синоќа во Белград, Србија, пренесуваат српските медиуми. Според информациите македонскиот државјанин Д.Л.(21) е еден од двајцата повредени во пукањето што се случи околу 19.40 часот во белградската населба Врачар. Тој се здобил со две прострелни рани во грбот. Како што пренесува „Информер“, тој најверојатно бил случајно застрелан.

Престрелката се случила на аголот од улиците „Максим Горки“ и „Цар Николај“.

Ранет е 29-годишниот А.П.(29) кој веќе и е познат на полицијата поради бројни криминални дела. Станува збор за лице со 12 кривични пријави за дрога, оружје, разбојништво итн. по кое во тек била и потера за издржување затворска казна. Тој бил застрелан во ногата и е надвор од животна опасност.

Недалеку од местото каде што е застрелан А.П., полицијата го пронашла македонскиот државјанин кој бил застрелан во грбот. Засега не се знае дали бил во друштво на А.П, или пак случајно бил ранет. Се претпоставува дека биле ранети од истиот напаѓач, кој е во бегство.

Како што пренесуваат медиумите, се работи за момче од околу 20-21 година, висок 170 сантиметри и носи сив дуксер и фармерки. По пукањето побегнал кон Чубурски парк.

Претходна вестПретпладне сончево, попладне дожд и грмежи
Следна вестДен за светецот: Свети Јоаким Крчовски – просветител, свештеник и автор на првата печатена книга на македонски народен јазик