Во сабота омаж „#Драмски за Конески“ со познати македонски актери

„#Драмски за Конески“ е насловот на омажот по повод одбележувањето на стогодишнината од раѓањето на Блаже Конески великанот и доајенот на македонската литература и писменост, што ќе се случува во сабота, на 12 јуни, со почеток во 20.00 часот.

Според информациите кои ги објави Драмски театар, учесници во овој проект се актерите Катарина Коцевска Хаџи Василева, Анастас Тановски, Драган Спасов Дац, Маја Вељковиќ – Пановска, Игор Ангелов, Лилјана Вељанова, Дејан Лилиќ, Јелена Жугиќ, Зоран Љутков и Дамјан Цветановски.

Претходна вестЗаконот нејасен, кои „придружни дејности“ ќе можат да работат во недела?
Следна вестПроменливо облачно време со сончеви периоди