Во сабота стартува годинешната сезона на МОБ

Во сабота, на 5 октомври, со премиерните изведби на „Валпургиска ноќ“ од операта „Фауст“ на Шарл Гуно и „Кармен“ од Жорж Бизе и Родион Шчедрин, во кореографија на Габор Кевехази од Унгарија, започнува сезоната 2019/20 на Националниот балет. Во врска со премиерата на „Валпургиска ноќ“, далечната 1949 година, кореографот Ѓорѓи Македонски во едно свое интервју ќе рече:

-На премиерата, публиката што немаше билети ги скрши прозорците од споредните простории и влезе „непоканета“. И никој не ја избрка, ниту пак ја казни, бидејќи одушевувањето беше општо и огромно. Поради аплаузите и постојаното враќање на уметниците на сцената, претставата, наместо два и пол часа траеше четири часа“.