Во седум скопски општини има повеќе од 100 позитивни на корона вирусот

Општините Чаир, Аеродром, Кисела Вода, Гази Баба, Центар, Карпош и Шуто Оризари се подрачја на кои има повеќе од стотина позитивни на корона вирусот, покажуваат податоците на Министерството за здравство. Во овој период во градот има 1.303 активно болни граѓани, а од почетокот на пандемијата 4.966 случаи.

Општина Чаир има 168 случаи, Аеродром 147, Кисела Вода 141, Гази Баба 133, Карпош 113, Шуто Оризари 108 и Центар – 106.

Во Ѓорче Петров, пак има 92, Бутел 84 и во Сарај – 60 активни случаи.

Општина Студеничани има 45 заболени, Арачиново – 24, Илинден – 24, Петровец – 17, Чучер Сандево – 9, Сопиште – 20, Зелениково- 7 и странци – 5.

Претходна вестНиту една фирма не се јави за уривање на дивоградбата кај „Мавровка“
Следна вестВо две сообраќајки повредени двајца полицајци во Скопје