Во септември нови 2.239 лица останале без работа, од почетокoт на кризата вкупно 14.818  

Во периодот од 31 август до 30 септември нови 2.239 лица останале без работа поради корона кризата. Со тоа, од март годинава, откако почна пандемијата на опасниот вирус, во земјава без работа останале вкупно 14.818 лица.

-Во Агенцијата за вработување со состојба на  30.09.2020 година по основ на прилив од работен однос евидентирани се 14.819 невработени лица, за кои престанокот, односно одјавата од задолжително социјално осигурување е регистрирана во периодот после 11.03.2020 година, односно во период на кризата предизвикана од ковид 19, се вели во објавата од Агенцијата за вработување.

Бројот на отпуштањата особено се зголеми откако престанаа да важат мерките за помош на фирмите за плати на вработените.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: Комисијата за заразни болести, од почеток ја води погрешно работата, без план и стратегијa
Следна вестКазнети 509 возачи во Скопје, 66 возеле неисправни возила