Темен режим Режим на светлина

Во Скопје 18 листи со кандидати за градоначалник поднесени до ДИК

Рекордни 312 листи на кандидати за градоначалници и 575 листи на кандидати за советници на општините и Градот Скопје за локалните избори следниот месец…Најголем број се за престолнината – 18 кандидати се во трка за прв човек на градот а 20 листи има за членови на советот.

Од скопските општини најголем број кандидати има за Шуто Оризари – 8 мина ќе се борат за првата фотелја.

Интересна битка се очекува во Карпош особено по кандидатурата на Стефчо Јакимовски , кој ќе се бори за петти мандат со Сотир Лукровскики фаворитот на Христијан Мицксоки и докторката Маја Мојсова избор на Филипче. Во Центар пак независната Билјана Ивановска може да им ги помати сметките на Горан Герасимовски од СДСМ и Мирослав Лабудовуиќ од Знам кој треба да ги добие и гласовите на ВМРО ДПМНЕ . Во центар се бројат 9 листи за советници меѓу кои и неколку независни.

Осуммина ќе се борат за градоначалничкото место во Куманово…Максим Димитриевски ќе проба да освои уште еден мандат – Мартин Костовски од СДСМ ќе се обиде да му ги расипе сметките…Во трка за прв човек на градот уште се и Левица, ВЛЕН, ДУИ, група избирачи ..

Девет кандидати има за Струга…Неколку групи избирачи ќе им се спротистават на кандидатите на Левица ДУИ и Вреди… ВМРОДПМНЕ ќе застане зад коалицискиот партнер , додека пак СДСМ доправа ќе преговара за кого ќе гласа, ДУИ или ВРЕДИ . ..За Охрид, 4 кандидатури за градоначалник и 11 листи за советници ..

Интересна битка ќе има во албанскиоит политички блок… Тетово, Гостивар, Сарај, Боговиње, Липково, Арачиново, се желба и на ДУИ и на ВЛЕН… Главната битка е во Чаир меѓу поранешните сопартијци, екс министерот за надворешни работи, Бујар Османи и актуелниот министер за животна средина Изет Межити …

Тешка се очекува да биде трката и за Кочани по трагедијата од 16 март. Мнозинство се независните кандидати но има и партиски решенија.. 6-мина се борат за граоначалник и 9 листи за совет.

Од ДИК за ТВ 24 велат дека очекувањата се листите да се потврдат во наредните денови . Роковите веќе течат. Кампањата почнува на 29 септемврти за првиот круг на локалните избори кои ќе се оддржат на 19 октомври…

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

ИЈЗ: Воздухот во Скопје без зголемена радиоактивност, вредностите нормални

Следна објава

Нова картичка за младите - Ѓорѓиевски го претстави „SKOPJE CITY GO“