Во Скопје казнети 184 возачи, од кои 38 под дејство на алкохол

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (28.05.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 184 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 25 санкции, 38 мерки за возење под дејство на алкохол, 18 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, 16 мерки за возење без возачка дозвола.

Изречени се шест мерки за користење на мобилен телефон, три санкции за нерегистрирани возила, пет санкции за прекршоци што ги прават пешаците, девет мерки за недевање првенство на минување на пешаци, пет за возач почетник…

Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.