На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 202 мерки, во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот што ги спроведува Министерството за внатрешни работи.
-За возење без возачка дозвола изречени се 18 санкции, 13 мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, 65 санкции за непрописно паркирани возила, а 49 возила се подигнати од „пајак” службата, додека 21 санкција за неносење заштитна маска, се наведува во информацијата.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.
-Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, се наведува во соопштението.