Во Скопје казнети 211 возачи, 73 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (17.03.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 211 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 73 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, девет санкции за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла).

Изречени се три мерки за нерегистрирани возила, шест санкции за непочитување на првенство на минување, пет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Претходна вестДоговорена соработка помеѓу Кисела Вода и Меѓународниот Балкански Универзитет
Следна вестДа веруваме: Борел ќе се борел за доброто на Македонија