Во Скопје казнети 44 возачи за брзо возење, се има ли свест за опасноста и последиците?

Брзото возење одзете многу животи, потврдуваат статистичките податоци на МВР, но нашите возачи како да немаат слух за тоа. И вчера, во акциската сообраќајн контрола, на територија на Град Скопје, се санкционирани 44 возачи кои возеле побрзо од дозволеното.

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 161 мерка. Казнети се 20 возачи кои возеле без возачка дозвола, а изречени се и 10 мерки за вградени неатестирани фолии. Осум казни се за нерегистрирани возила и четири за користење на мобилен телефон.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови со цел да се зголеми безбедноста во сообраќајот, информираат од МВР.