Во Скопје магла и температурата до 6 степени, во поголемиот дел од државата сончево

Маглата утрово покажува дека Скопје и денеска нема да го види небото и повременото сонце кое ќе се појави во останатиот дел од Македонија. Метеоролозите предвидуваат дека во главниот град во поголем дел од денот ќе има магла, која попладне краткотрајно и делумно ќе се намали. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне 6 степени.

Сончево време со мала до умерена облачност во поголемиот дел од државата најавува УХМР за денеска. Во одредени котлини и долж Поварадарието ќе има и магла која попладне ќе се намали.

Минималната температура ќе се движи во интервал од минус-4 до 3, а максималната од 9 до 17. Во местата со магла температурата ќе се движи од 5 до 7 степени.

Се очекува утре попладне да дува умерен северозападен ветер, особено вдолж Повардарието, кој ќе продолжи и во среда, поради што преодно ќе се намалат условите за магла.