Во Скопје ноќ на вештерките: најстрашно во Ново Лисиче, измерени 174 ПМ10

Ноќ на вештерките во Скопје. Загадувањето демнеше од секаде. Уште по 17 часот веќе прст пред око не се гледаше, а воздухот особено во Ново Лисиче мирисаше на чад и смог. Од каде ли сето тоа доаѓа?

Скопјани се обидуваат да најдат позитивна мисла за да се издржи она што допрва следува, но велат и онака стравот од ковид- вирусот е огромен, па како ли дополнително со опасноста од болестите од загадувањето да се справат?

– Некои работи кои ги ветија во форма на мерки против загадувањето не се спроведоа, а беа изводливи, како на пример бесплатните маски… Тие немаше државата да ја чинат многу, а ќе им помогнеа на луѓето и тоа во голема мера. Оној кој нема пари за леб како ли да купи заштитна маска?! – коментираат скопјани на социјалните мрежи.

-Нели ќе го намалеа загадувањето за 50 проценти? – беше друг коментар на Фејсбук.

Инаку вчера во Ново Лисиче беа измерени 174 ПМ10 микрограми на метар кубен, во Карпош 4 и кај полициската станица Ѓорче Петров, по 105, во Автокоманда 119, а кај средното училиште Никола Карев, 131 ПМ10 микрограми на метар кубен.

Претходна вестПочинаа 26 лица од Ковид-19, регистирани се 978 нови случаи
Следна вестТрет светски трофеј за „Врба“ на Манчевски за само 2 недели