Во скопски Аеродром украдени влезни врати од згради

Влезни врати од згради биле украдени во скопската населба Аеродром, во текот на вчерашниот ден.

– На 02.02.2023 околу 18.30 часот на паркинг простор пред трговски центар на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Аеродром и Драчево ги лишиле од слобода Г.Г.(43) и М.М.(40), двајцата од Скопје. Тие се сомничат дека во периодот од 15.00 до 18.00 часот одзеле три влезни врати од две згради на бул.„АСНОМ“. Во службен разговор во полициска станица тие ги признале делата, а одземените предмети биле пронајдени и вратени, информираат од МВР.

Од полицијата велат дека по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претходна вестАмериканците и Канаѓаните тврдат: Не набљудуваат Кинески шпионски балони
Следна вестПоловина милион луѓе протестираа во Лондон, се очекуваат помасовни протести