Во скопско возило Србин пренесувал 41 мигрант – како ли ги сместил?

Пред наплатна станица Демир Капија, на автопатот А1 Неготино- Демир Капија, синоќа во 22:10 часот, полициски службеници од полициска станица Неготино и мобилната единица од Скопје го лишиле од слобода Ф.Р.(20) од Република Србија, кој управувал товарно моторно возило „фиат дукато“ со скопски регистарски ознаки, во кое превезувал 41 мигранти од Куба и Индија, од кои пет малолетници, соопшти МВР.

По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство.

Претходна вестПеточна полициска проверка во Аеродром, Центар и Карпош: Возат без дозволи и пијани
Следна вестГолем дефект на системот го остави југозападот без струја