Во среда почнува шестиот Меѓународен филмски фестивал „Киненова„

Од 27 до 31 октомври во Македонија се одржува шестиот по ред Меѓународен филмски фестивал „Киненова“. Се отвора во киното Милениум, со филмот кој победи на фестивалот „Карлови Вари“, „As far as I can walk“ или со оригинален наслов (бидејќи е српски филм) „Страхиња Бановиќ“.

Отворањето е во Милениум, но останатите филмови ќе се прикажуваат во Кинотеката на Македонија.

Жири комисијата на фестивалот е составена од бугарскиот режисер Петар Валчанов, филмската критичарка Зане Балчус од Латвија и директорот на Кинотека на Македонија Владимир Ангелов.

Валчанов заедно со Кристина Грозева, е ко-сценарист, ко-режиер и ко-продуцент на филмовите „Скок“, „Лекција“, „Слава“ и „Таткото“. Нивните филмови освоија награди во Сан Себастијан, Карлови Вари, Токио, Локарно, Варшава, Гетеборг, Единбург, Киненова Скопје и други фестивали.

Балчус е истражувач, кустос, хонорарен филмски критичар и шеф на Балтичкиот форум за документарни филмови во Рига, Латвија (од 2019 година). Таа била директорка на Филмскиот музеј во Рига од 2014-2019 година, кустос во истиот музеј од 2010-2014 година, а има работено и како селектор на Меѓународниот филмски фестивал „Arsenals“ во Рига од 2000-2005 година.

Ангелов продуцент, филмолог и актуелен директор на Кинотеката на Македонија. Од 1995 година до денес работи во Кинотеката. На почетокот на кариерата работи на рекогнисцирање и реставрација на македонскиот филмски фонд снимен во периодот од 1948 до 1953 година. По соработката со Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ и Скопскиот филмски фестивал, Ангелов беше поканет како член на жирито и на Watch Out Film Festival во 2016 година, како и на првиот филмски проект. Од 1995 година Ангелов објавува и пишува за „Кинопис“.

Претходна вестТреба ли Kомисија да работи со еден македонски историчар помалку?
Следна вестГи заборавија селата, а полека умираат и малите градови