Во „Света петка“ во Велгошти утре се одржува традиционалната „Вечер на Живко Чинго“

Утре вечер, во атарот на црквата „Света Петка“ во охридското село Велгошти ќе се одржи традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“ во организација на општина Охрид.

Чествувањето започнува со полагање цвеќе пред спомен-обележјето на Живко Чинго, по што ќе има обраќање на претставник на Општина Охрид и доделување на наградата за најдобар расказ.

Беседа за Живко Чинго ќе одржи Паско Кузман, по што следува Живко Чинго како инспирација во творечкиот опус на Гоце Џуклески, а манифестацијата ќе биде заокружена со културно – уметничка програма.

Манифестацијата почнува во 20.00 часот.

Претходна вестСиндикатите од КСОМ бараат итна средба со Владата или ќе следи масовен штрајк
Следна вестКавадарци под вода: Невремето поплави дворови, уништи улици