Во Центар тешко се воспоставува ред во паркирањето, за една недела казнети 189 возачи

Вкупно 189 возачи во текот на минатата недела се казнети поради непрописно паркирање, соопшти ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар.

-Во периодот од 01.02. до 07.02.2021 година, со помош на специјалните возила„Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 86 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 103 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани, се наведува во соопштението.

Во информацијата се наведува дека ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици. 

Претходна вестТврдеа дека инвестициите зависат од членство во НАТО, а сега пак и од попис и од избегнување на предвремени избори и од…
Следна вестПоради истекот на 90 дена од последното рочиште: Случајот ,,Шпански скали” почна одново